Повторно има хаос со издавањето лични документи – министерот Тошковски вети дека за кратко време ќе најде решение

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во својот прв работен ден оствари работни посети во Одделението за управни работи Скопје во зградата на МРТ и пунктот „Пролет“ со цел непосредно запознавање со фактичката состојба во делот на издавање на личните документи.

„Многу ми е жал што морам да констатирам дека состојбата со издавањето на лични документи не е онаква каква што ја оставивме, односно во овие три недели откако ја напуштив позицијата министер за внатрешни работи во техничката Влада, наместо да е направен исчекор напред, повторно е создаден хаос, работат помал број на шалтери и бројот на луѓе кои чекаат е зголемен. Министерството за внатрешни работи е сервис на граѓаните и во тој контекст управните служби се една од клучните области и затоа во наредниот период ќе преземеме интензивни мерки со цел за краток временски период да ја нормализираме работата и секој граѓанин да може својот документ да го извади во една достоинствена постапка и во разумен временски рок.“, дециден беше министерот Тошковски.

Advertisements