„Струја за 100.000 домаќинства, 55 ветерници, 630 нови вработувања“ – Владата на средба со инвеститорот „Алкараз енерџи“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претставниците на Алказар енерџи за инвестиција во енергетиката вредна 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македоија.

Станува збор за ветерна фарма која ќе произведува 1 терават струја или нешто над 20 отсто од вкупно произведената струја.

Advertisements

„Струја за 100.000 домаќинства, 55 ветерници коишто ќе произведуваат еден терават час електрична енергија, 630 нови вработувања, најголема инвестиција во сегментот на парк со ветерници. Инвестиции за подобар животен стандард“, се вели во соопштение од Владата за средбата на која присуствуваа и вицепремиерите Александар Николоски и Изет Меџити.

Во тек е презентациа на проектот каде говорат премиерот Христијан Мицкоски, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како и Даиел Калдерон, ко-основа и управачки партнер на Алказар Енерџи.

Премиерот Мицкоски рече дека целта е Македонија од увозник, да стане извозник на струја. Рече дека инвестицијата тежи половина милијарда евра.

Ветерниот парк ќе произведува струја повеќе од ТЕ-ТО Скопје. Мицкоски нагласи дека не верува во чуда кои не се можни, но рече дека проектот е изводлив и дека тој има тим за енергетика кој е најдобар, како што нагласи, во регионот.

Ветерницата ќе се наоѓа во источниот дел од земјата помеѓу трите општини Карбинци, Штип и Радовиш