Резолуцијата на Бундестагот е признание дека во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век – Антонио Милошоски

Пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски во емисија на Радио Лидер ја поздрави Резолуцијата што ја донесе германскиот Бундестаг и објасни дека од две причини се носи резолуцијата во Германија каде што се споменува македонскиот јазик, македонскиот народ, самобитноста.

„Прво затоа што во 21 век од земја членка на ЕУ имаме негирање на македонскиот јазик и самобитност, тоа е причината, инаку Германија не би имало потреба да носи таква резолуција, ова е само признание дека внатре во ЕУ има држави кои не размислуваат европски во 21 век, рече тој.

Милошоски потенцираше дека причината поради која е донесена таа резолуција е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ која пред неколку години предупредуваше на опасностите од  потпишувањето на Договорот за добрососедство,

Advertisements

„Втората причина е индиректно реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ која од 2017 година упорно нагласува дека со потпишувањето на така фаличниот Договор за добрососедство од 2017 година и таа несреќна формулација заедничка историја која што ја потпишаа тогаш Заев, Димитров, Османи, Маричиќ и кој и да беа во екипата за надворешна политика, се доведува во прашање, се загрозува токму онаа Ахилова пета која што Бугарија ја напаѓа кон Македонија во изминативе 50 или 60 години“, вели тој.

Милошоски објасни дека ова не е прва резолуција туку имало и во 2004 каде што германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија.

„Како трето, би сакал да напоменам дека ова не е прва резолуција каде што се споменува Македонија во германскиот Бундестаг. Во 2004 година во очи на територијалната организација во Република Македонија, тогаш СДСМ во налет на доближување на претседателските избори сакаше да се додвори што повеќе кон Али Ахмети и се направи една територијална организација на општините, спротивно на волјата на мнозинството од населението во тие општини, се донесе резолуција во германскиот Бундестаг која имаше неколку клаузули, едната Охридскиот договор, втората билатералните договори и третата се однесуваше на името и германскиот Бундестаг упати апел преку резолуцијата до германската сојузна влада во билатералните односи да го користи уставното име Република Македонија. Но како што знаете тоа ниту тогаш не се оствари“, додаде Милошоски.