Беа присутни голем број гости, како и семејствата на 12-те ваташки младинци.
Настанот беше затворен со маестрална изведба на ,,Ми заплакало селото Ваташа’’ и ,,Цветови’’ од Славко Јаневски од страна на Игор Џамбазов, Андријана Јаневска и Катерина Танева.
„Сите оние кои ја ценат слободата на својот народ знаат што направиле младинците од Ваташа, но и многу други кои ги дадоа своите животи за Ваташа, Кавадарци, Тиквешијата, Македонија. Затоа што нема ништо посвето од слободата на својата татковина. Нека им е вечна славата. Никогаш да не се повтори! Да не се заборави!“, порача градоначалникот Митко Јанчев.