Амбициозни имало и ќе има, меѓутоа и шпекулации имало и ќе има, изјави вечерва потпретседателката на СДСМ и директорка на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска во разговор за ТВ21.
Оваа изјава Лукаревска ја даде по информациите дека Алијанса за Албанците е заинтересирана за директорката функција во УЈП.
Директорката на УЈП вели дека процесот на преговори течел без проблеми и дека резултатот е окрупнување на парламентарното мнозинство.
„Клучната поентата на сето ова значи дека има поголем број на сили во рамки на Собранието, во рамки на парламентарните политички партии кои што ја поддржуваат европската агенда. Верувам дека има и одредени сили во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе застанат заедно со нас на овој европски пат. Секогаш кога се носат крупни одлуки, наидуваме на одредени пречки на патот, но затоа ние како политичка партија сме навикнати. Државотворните, крупни одлуки, ние го имаме бенефитот да ги носиме“, вели Лукаревска.