СДСМ и ДУИ доставија понуда до Алијанса за влез во Владата – две министерства и неколку директорски места?

Владината коалиција предводена од СДСМ и ДУИ синоќа доставила до Алијанса за Албанците две понуди за влез во Владата, пишува порталот Тетовасот.

Според извори на порталот од Алијанса за Албанците, едната понуда за влез во Владата доколку Алетренатива остане владин партнер, е Алијанса да ги добие министерствата за здравство и правда и две заменички министерски места, како и директорските места во Фондот за пензиско осигурување, Македонска пошта, Управата за матична евиденција, државниот правобранител и Македонски железници.

Втората понуда, како што пишува порталот, е доколку Алтернатива не остане во Владата, Алијанса да добие тројца министри и двајца заменици министри, и тоа во ресорите здравство, правда и информатичко општество и администрација.

Advertisements

Понудата е конечна и се очекува таа да биде официјализирана на партискиот состанокот на Алијанса за Албанците во сабота.