Лидерот на бугарската партија „Преродба“, Костадин Костадинов, од говорницата на Народното собрание на Бугарија, изјави дека е загрижен од можноста за физичка ликвидација на Бугарите во Македонија.
„Ќе има Бугари убиени во Северна Македонија“, изјави тој.
Како причина тој го навел синоќешниот случај на одбивање да му се пружи лекарска помош на претепан Бугарин во Охрид, јавува Њуз.бг.
Advertisements
Костадинов изјави дека Македонија не е подготвена да се приклучи на европското семејство и потсети на нападите врз бугарскиот клуб во Охрид.