Седум бизнисмени, од Македонија се најдоа на листа на српскиот магазин „Недељник“ кој направи истражување за 100 – те најбогати луѓе во регионот.
Освен бизнисменот Илија Гечев од ИГМ Трејд, како што објавивме претходно со проценето богатство од 1,054 милијарди евра на листата на „Недељник“ е Живко Мукаетов од Алкалоид (651.330.600 евра),Андреа Јосифовски од Макпетрол (565.501.055 евра) Гоце Камчев од КАМ, Страшо Милковски од Гранит, Слободан Кутревски од Пекабеско и Владимир Тодоровиќ од Тинекс.
„Недељник“оваа листа ја изработи во соработка со две реномирани консултантски фирми кои работат на њујоршката берза.
Вкупно, богатството на Македонците е проценето на 3,26 милијарди евра.
„Недељник“ вели дека листата не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат ако ги продадат денес.
Во регионот најбогат е Дубравко Гргиќ. Негова е групацијата „Аграм“, има богатство од 2,84 милијарди евра. На листата се српските бизнисмени Миодраг Костиќ и Мирослав Мишковиќ, со проценето богатство од у 2,77 милијарди евра.