Голема тага во Македонија – почина младиот фудбалер Стефан Петровски – Паше – имаше само 21 година

Почина младиот македонски фудбалер Стефан Петровски на 21 годишна возраст. Тажната вест ја објави фудбалскиот клуб Пелистер.

„Изразуваме големо жалење и сочуство за фамилијата за прерано згаснатиот живот на фудбалерот Стефан Петровски кој настапуваше за ФК Новаци, а имаше настапувано за АК Пандев и ФК Пелистер“, напишаа на Фејсбук од ФК Пелистер.

Advertisements

Пријатели и спортски работници изразуваат сочувство до семејството неможејќи да поверуваат дека згасна еден млад живот.