Серија на дојави за поставени бомби на повеќе локации во Скопје

Серија на дојави за поставени бомби на повеќе локации во Скопје, од училишта до трговски центри, денеска се испратени преку електронски адреси, информираат од МВР и посочуваат дека се преземаат неопходни мерки за безбедно евакуирање на сите објекти.

„Денеска (09.12.2022) околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронска адреса на седум средни училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна нaправа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, се вели во соопштението од МВР.

Исто така во МВР, пријавено е дека на електронска адреса била упатена закана за поставена експлозивна направа и во ТЦ Ист Гејт, ТЦ Бисер, Транспортен центар, Флатирон и ПС Центар.

Advertisements

„Веднаш се преземени неопходните мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.