Скопјанец заработи кривична пријава поради коментар на Фејсбук

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.М.(49) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, соопштуваат од МВР.

МВР информира дека тој, на социјалната мрежа Фејсбук, на објава поставена од еден портал, објавил коментар со содржина со која промовирал и поттикнувал омраза и насилство.