Транспарент со порака за Филипче и Заев осамна пред седиштето на СДСМ во Аеродром

Транспарент на кој пишува „Венко (Заев) за вас вратата е затворена“ осамна пред просториите на општинската организација на СДСМ во Аеродром.

Оваа порака е во пресрет на изборот на лидер на социјалдемократите, а како што е познато во трката влезе и поранешниот министер за здравство Венко Филипче.

Освен Филипче, битката за лидерската позиција на СДСМ која доживеа катастрофален пораз на мајските избори ќе ја водат и Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски. 

Advertisements