Македонското Министерство за внатрешни работи информира дека околу 12.45 часот на граничниот премин Деве Баир дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на тројца Бугари.
„Бугарските државјани Г.З (35),А.Х(50)и Р.Х(54) најпрво вербално, дрско и недолично со најпогрдни зборови се однесувале а потоа се обиделе и физички да ги нападнат полициски службеници кои презеле службени дејства, при што се приведени и се работи на целосно расчистување на случајот“, велат од МВР.
Претходно, објавивме видео споделено на Фејсбук на кое неколку бугарски државјани обидувајќи се да влезат во Македонија, на граничниот премин Деве Баир, со навреди и недолично однесување реагираа на запирањето од страна на македонската граничната полиција која ги упати да чекаат во нивните возила.