Македонски концепт бара ЕУ итно да го осуди насилството врз македонските службеници на Деве Баир

Лидерот на политичката партија Македонски концепт Петар Богојески на Фејсбук објави дека им дава целосна поддршка на македонските гранични полициски и царински службеници, кои денес беа вербално и физички нападнати на граничниот премин Деве Баир.

„Бараме ЕУ итно да го осуди насилството и нападите врз македонска територија од страна на ЕУ територија!

Advertisements
Ова е НЕПРИФАТЛИВО и во корен ја девалвира европската идеја и вредности за кои сите ние се бориме!

Бараме марксистичко – ленинистичкиот измеќар во МНР на Македонија итно да ги осуди нападите и да испрати нота со барање објаснување од ЕУ и Бугарија!“, се вели во реакцијата на Македонски концепт.

На денот на чествувањето на 151 годишнина од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев беа привденеи тројца Бугари кои, како што информира МВР, на Деве Баир навредувале полициски службеници, а се обиделе и физички да ги нападнат.