Телевизија Клан Македонија објави дека синоќа во Собранието имало средба меѓу претседателите на ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива, Христијан Мицкоски и Африм Гаши.
Лидерот на Алтернатива, Гаши ја потврди средбата и наведе дека е разговарано за актуелната политичка состојба и евро-интеграциите, додека пак Мицкоски во изјава за Клан тврдеше дека станува збор за куртоазно поздравување на сретнување во собраниските ходници.
Мицкоски беше во друшто на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски и рече дека зборувале за идните активности на пратеничката група.
Во тек се преговори за влез на Алијансата за Албанците во владата, но според Алтернатива понудите кои сега ги добива овој коалициски партнер се несоодветни.