(ВИДЕО) Кога пратеникот Бране почна да збори, пратеничките го напуштија Собранието

Пратеничките на СДСМ демонстративно ја напуштаат собраниската сала додека говори пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во знак на протест за вербалните навреди и обидот за физички напад на пратеникот Петрушевски, врз пратеничката Лазаревска, за кои никогаш не се извини, објавија социјалдемократите на нивната Фејсбук страница.