Министерството за внатрешни работи попладнево информира дека се приведени тројцата скопјани кои со возило влечеа изнемоштен коњ по улица во Скопје.
Видео од ова вознемирувачка сцена објави порталот Макфакс и придонесе да бидат фатени несовесните што го измачуваа недолжното животно. Скопјани вознемирени реагираа на социјалните мрежи – „до каде оди човековата беда“, „бездушни“.. и побараа најстроги казни за тројцата мажи што го малретираа коњот.
„Денеска на улицата „Благоја Стефковски“ во Скопје од страна на полициски службеници од ЕВР Гази Баба се лишени се од слобода С. С. (24), Р. С. (20) и А.С. (54) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 233 од КЗ (мачење на животни) сторено на 01.03.2023 околу 13:00 часот на улицата Коце Металец во Скопје, при што измачувале коњ, информира МВР.
Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
ВИДЕО и ФОТО: Макфакс