(ВИДЕО) „Секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија, создадовме општество на квоти“ – Левица е против Бадентер и балансер

Етнотрибализмот ни го сервираат како европска вредност. Ние создадовме општество на квоти, коешто ни донесе секое второ дете од Полог да се раѓа во Италија, во Швајцарија или надвор од Македонија, рече Димитар Апасиев, лидерот на Левица во неговото обраќање на собир на граѓани во Прилеп.

„Првиот концепт кој што ни го нудат е концептот на дејтонизација. Либанизација на Македонија, бејрутизација на Скопје. Тоа е нивната агенда, спонзорирана од западните амбасади. Ни понудија модел на бинационален грабеж.

Ние сме единствена земја во светот со еден парламент и две влади. Но помина времето кога Македонецот беше инфериорен во сопствената држава. Левица е принципиелно против Бадентер и против Балансер“, вели Апасиев.

Advertisements