ЛЕВИЦА Ѝ ПОДАВА РАКА НА ВМРО-ДПМНЕ – „Честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени“

Амар Мециновиќ, носител на листа на Левица во „двојката“ во гостување во „Стадион“ на Канал 77 порача да се почитува волјата на народот во однос на уставните измени подавајќи ѝ рака на ВМРО-ДПМНЕ  да гласаат против измените.
,,На Мицкоски му честитаа Таравари и Касами за резултатите од првиот круг и порачаа дека заедно ќе ги донесат уставните измени. Еве ние честитаме и повикуваме да НЕ ги донесеме уставните измени – затоа што тоа е волјата на народот. Ние во претходниот мандат бевме најголеми непријатели на владеењето на СДС и ДУИ, како преку примерите со спикерот Џафери така и со формирањето на новото мнозинство за да се турне Заев. А, сега да се фокусираме на проблемите на граѓаните за кои нашата програма има најдобри решенија”, порача Мециновиќ.
Претходно, од големиот народен митинг во Охрид, од каде што традиционално ВМРО-ДПМНЕ ја почнува кампањата за изборите лидерот Христијан Мицкоски повика на национално обединување и обзнани мораториум на нападите против Левица и ЗНАМ.

Фото: Канал 77