Шестчасовно работно време за работниците, фер цени за земјоделците вети Борис Крмов, носителот во „тројката“ од Левица

Пратеникот Борислав Крмов, носител во ИЕ3, за програмата на Левица, во однос на работниците и земјоделците потсети на мерки од нивната програма кои се однесуваат на работното време, но и за горливиот проблем на земјоделците – откупните цени на нивните производи.

,,ИЕ 3 е во најголем дел работнички и земјоделски регион. Ние предлагаме шестчасовно работно време. Тоа не е никаква илузија, тоа на Запад го има – многу е поголема продуктивноста со шестчасовно работно време.

За земјоделците, најклучно е да имаме државни откупни центри, за да може земјоделците да добијат фер цена. Сега имате флаширана вода 20 денари, а тие сакаат млекото да им го откупат за 18 денари”.