АКО ВРНЕ НА ВЕЛИКИ ПЕТОК, ТОА Е СТРАШЕН ЗНАК: Еве каква година не очекува – што велат народните верувања?

Што значи според народните верувања доколку врне дожд на Велики Петок?

Променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови нè очекува денеска, на Велики Петок.

Advertisements

Според УХМР, чокално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Во Скопје променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Кај нас секој христијански празник е поврзан со одредени верувања и обичаи. Така, голем број на традиции кои се практикуваат и денес се поврзани со Велики петок. Денеска строго се пости, но има и некои други обичаи кои треба да се практикуваат на Велики петок.

Постарите веруваат дека ако на Велики петок врне дожд, сливите и други овошја нема да дадат богат род. Се верува дека дождот значи тешка и сушна година, полна со конфликти и со кавги.

Од друга страна, пак, се верува дека ако денот е топол и сончев за овој голем празник, родот на овошјето ќе биде голем.

Како и да е времето ќе покаже дали ова верување е точно или не.