ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги договорија основните принципи за соработка

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН-, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ..

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна на ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

Advertisements

Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.