Во „Вила Водно“ примопредавање на претседателската функција, Силјановска Давкова и Пендаровски на тет-а-тет средба

Во Кабинетот на претседателот, денеска ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата претседател со највисоки државни и воени почести.

По свечената церемонија, соопштија од кабинетот на претседателот на државата,  новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски ќе остварат тет-а-тет средба.

Advertisements

Силјановска-Давкова денеска точно напладне со свечена изјава во Собранието и официјално ќе биде инаугурирана како шестиот претседател на Македонија. Со положување заклетва започнува да тече нејзиниот петгодишен претседатлски мандат во вилата „Водно“.

Инаугурацијата на новизбраната претседателка, прва жена на оваа функција ќе биде во рамките на 151. Седница на Собранието, на која давањето свечена заклетва ќе биде единствената точка на дневниот ред.