ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори – Тимчо Муцунски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во денешното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните парламентарни избори.

Не се откажавме од предвремени парламентарни избори, тоа прашање не можеме да го исклучиме, додаде Муцунски.

„Работа на опозиција е да бара постојано избори како ние што го правиме тоа, да се преземат мерки за да се случат предвремени парламентарни избори. Ние сме подготвени и утре да има парламентарни избори. Ние веќе имаме концепт за нашата програма во делот на даночната политика, во делот на политиката на привлекување на странски инвестиции, образование, здравство. Веќе размислуваме на овие теми, заклучи Муцунски.

Advertisements

Тој дури и посочи дека денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ најави и дополнителна теренска акција. Што значи дека се продолжува континуитетот на директна комуникација со граѓаните на терен ширум Македонија.

„Значи ние сме подготвени за избори уште утре. Но, ќе повторам изборите за нас не се само заради нас лично како политички субјект бидејќи анкетите на јавното мислење покажуваат огромно незадоволство од страна на Владата и желба на нашите граѓани да видат нова Влада која што ќе понуди надеж и план“, рече Муцунски.