Kинескиот претседател Си Џинпинг (69) го обезбеди својот трет петгодишен мандат откако откако ги доби гласовите на речиси 3.000 членови на кинескиот парламент, со што стана најмоќниот шеф на земјата по Ма Це Тунг.
На изборите немаше друг кандидат, а гласањето траеше околу еден час, додека електронското пребројување заврши за околу 15 минути.
Си ги укина ограничувањата на претседателскиот мандат во 2018 година, а неговото владеење беше продолжено минатиот октомври, кога повторно доби петгодишен мандат како генерален секретар на Централниот комитет на владејачката Комунистичка партија.
Во следните два дена треба да бидат назначени или избрани функционери одобрени од Си за пополнување на највисоките позиции во владата.