„Вреди“ го повика Ахмети да остане смирен, одлуката за прегласување е донесена и со гласот на ДУИ

Не држат изјавите на Ахмети со кои се обидува мултиетничкиот фронт да го претстави како претставник на Албанците, бидејќи самиот овој фронт се изјасни дека е мултиетничка коалиција со граѓански концепт, додека Вреди е единствената албанска опција кај нас, реагира коалицијата Вреди според која првостепеното одлучување во ДИК немало етничко надгласување, туку дека врз основа на докази едногласно е одлучено дека „мултиетничкиот фронт“ предводен од ДУИ на 8 мај го прекршил изборен процес со манипулации со гласот на Албанците.

Вреди вели дека одлуката беше донесена и со гласот на членот на ДУИ во ДИК.

Во реакцијата на Вреди се додава дека за разлика од 2021 година, сега Управниот суд докажа дека од ДУИ се правени манипулации за време на изборниот процес.

Advertisements

„На сите им е јасно дека Али Ахмети ја загубил контролата откако сфатил дека ја загубил власта. Но го повикуваме, доколку сака европска перспектива за земјата, да остане смирен, да ги води партнерите од фронтот во конструктивна мултиетничка опозиција. Да ги поддржиме прашањата што се во интерес на Албанците, како што тоа досега го правеа партиите од Вреди како опозиција. Да дозволиме правдата да дејствува. Кога правдата ги следи законите, тогаш евроинтегративниот пат на државата е загарантиран.

„Со жалење можеме да кажеме дека со секое ново појавување на Али Ахмети неговата состојба станува посериозна. Тоа се должи или на манипулации на Артан и Бујар, или Ахмети изгубил контрола, бидејќи ги разоткрива своите незаконски дела“, велат од Вреди.