Силјановска Давкова во прва официјална посета на Рим и Ватикан на чествување на Св. Кирил и Методиј

Претседателка Гордана Силјановска Давкова првата официјална посета ќе ја оствари во Ватикан и Рим каде ќе ја предводи државно црковната делегација за чествувањето на Св. Кирил и Методиј.

На 23 мај, според протоколот, претседателката ќе има аудиенција кај Папата Франциск, а потоа средба и со генералниот секретар за односи со државите на Ватикан.

Advertisements

Чествувањето на сесловенските просветители ќе се одржи на 24 мај со посета на базиликата Свети Климент каде се наоѓа гробот на Св. Кирил, а потоа и во базиликата Санта Мариа Маџоре каде венец ќе постават на плочата испишана на македонски јазик.

Во рамки на посетата на Рим, претседателката ќе се сретне и со колегата Серџо Матарела.

Се уште не е познато дали Силјановска Давкова ќе има средба или ракување со претседателот на Бугарија, Румен Радев, чие доаѓање во Рим е исто така најавено по истиот повод.