Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија и беше почувствуван во Букурешт, Србија, Македонија и во Бугарија.
Земјотресот се случи на девет километри северозападно од Таргу Зи, а сеизмологот Славица Радовановиќ за Телеграф.рс вели дека овој потрес по вчерашниот би можел да биде главен во тој дел на Романија.
„Мислам дека за оваа област е готово, тоа е и за Романија и за нас. Сето ова ќе потрае малку подолго. Во Романија имаше земјотрес во декември 1991 година и имаше иста магнитуда како овој од 5,7 степени“, вели Радовановиќ за Телеграф.рс.
Според првите информации, земјотресот се случил во 14 часот и 16 минути.
Земјотресот се случи на девет километри северозападно од Таргу Жи.
По него следеа два помали земјотреси од 3,5 и 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот е регистриран на длабочина од 40 километри.