Пронајдени мртви турскиот капитен во ракомет и неговиот син – го паметиме по мечот против Македонија

„Со длабока тага ја примивме веста за смртта на нашиот драг Џемал Кутахи, капитенот на нашата репрезентација и неговиот син Чинар. Тие се пронајдени под урнатините на куќата во која живееле во Антакија, соопшти ракометниот сојуз, додавајќи:

„Господ да ги помилува починатиот и неговиот син. Наше сочувство до роднините на загинатите и ракометната заедница“.

Оваа тажна вест ја соопшти турскиот ракометен сојуз кој објави дека капитенот на нивната репрезентација Џемал Кутахи (32) загинал во катастрофалниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија и однесе илјадници животи. Заедно со ракометарот животот го загуби и неговиот петгодишен син Чинар.

Advertisements

Во урнатините настрада и сопругата на ракометарот, која била бремена и по која се уште се трага.

Заедно со неа продолжува и потрагата по мајката на ракометарот, а спасувачите се сомневаат дека ќе ги пронајдат живи, зашто веќе со денови се затрупани под масивните ѕидови на срушените згради.

Тој настапуваше за екипата на Хатајспор, а беше во составот на турскиот национален тим во мечот против Македонија во квалификциите за ЕП 2024, кој жолто-црвените го добија со 36-27.