Жан Митрев ја повлече тужбата против новинарите што ја објавија „Нечиста крв“ – Им простувам, ИРЛ ми нанесе многу неправда

Денеска е ден за простување, а минатата година ИРЛ ми нанесе многу неправда, со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. Ја повлекувам тужбата што ја поднесов  против ИРЛ, вели на својот фејсбук-профил во новогодишна честитка д-р Жан Митрев.

Новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објавија истражувањето „Нечиста крв“ за употребата на хемофилтрацијата при лекувањето на болните од корона во клиниката „Жан Митрев“.

„Простување, денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога сѐ што ни се случило лошо сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро. Денес е ден кога им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Advertisements

Минатата година ИРЛ ми нанесоа многу неправда со организирана пропаганда и ширење невистини преку јавни медиуми. За тоа поднесов и тужба против нив. Целта не ми е да се тужам со медиумите, туку да ја докажам правдината. Но, за сѐ што сториле Бог нека им суди. Јас им простувам и тужбата ќе ја повлечам. За многу години“, пишува Жан Митрев на Фејсбук.