Невзат Бејта, поранешен градоначалник на Гостивар и член на ДУИ, дел од т.н. „огнена група, во интервју на телевизија Алсат М, упати сериозни обвинувања против својта партија, како и против неговите сопартијци, претседателот на Собранието Талат Џафери и првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби.
Тој го обвини претседателот на Собранието Талат Џафери дека е во коалиција со Арбен Таравар од 2017 година.
„Што се однесува до соработката на ДУИ со Арбен Таравари, соработката е тајна од 2017 година и координатор беше Талат Џафери. Талат Џафери се мобилизира и создаде свои структури за да ме елиминираат од Гостивар и му помогнаа на Арбен Таравари на локалните избори “, изјави Бејта во емисијата „200“ на ТВ Алсат.
Запрашан за изјавата на Али Ахмети дека не го дава Груби, во стилот на негов неодамнешен гаф, дека е градоначалник од 24 карати, беше прашан, колку карати е Артан Груби, дали е 24 карати?
„Артан Груби не е од металите кои се мерат со карати, туку е еден метал кој нема карати, бидејќи ако имаше карати ќе беше добро. Тогаш немаше да прави раскол во ДУИ. Тие што немаат карати се железото, тенеќето овие… Металите кои имаат карати се добри метали и вредни кои луѓето ги сакаат и врз основа на металите кои се вредни се мери и квалитетот на металот, но и луѓето врз основа на добрите работи кои ги прават и тие се мерат во карати. Ако прават сплотување и ако не прават елиминирање на членството и ако не им штетат. Но тие и им се закануваат на членовите бидејќи ја имаат власта, но членовите не се плашат“, изјави Бејта.