Боксерски ракавици за градоначалникот на Крива Паланка – младите од ВМРО-ДПМНЕ бараат оставка

Веднаш неотповиклива оставка! За спомен боксерски ракавици! Во Општина Крива Паланка нема место за тепач градоначалник, ваква порака испратија Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ-ОК Крива Паланка на Фејсбук, откако полицискиот службеник Кристофер Стоевски, како што објавивме претходно, пријави во полиција дека бил физички нападнат од градоначалникот Сашко Митовски, кој му удрил две шлаканици.

Инцидентот се случил на 13 јануари годинава, после полноќ, кога по завршување на забава во гостилница Стоевски, го напуштил локалот, а на излезот имало судар меѓу две возила, сообраќајот бил во застој неколку минути, па градоначалникот Митовски наводно во пијана состојба му удрил две шлаканици затоа што чекал со автомобилот на патот.

Advertisements