Иако живееме во една од најбогатите Општини во државата, ние секојдневно се соочуваме со расфрлани отпадоци на секаде, пробушени и уништени канти, кои воопшто не се употребливи и во кои не може да се стави никаков отпад. Помина една година од мандатот на Тимчо но кантите сеуште стојат уништени и неупотребливи, скршени, запалени со уништено дно, реагира Левица – Аеродром која му забележува на градоначалникот Тимчо Муцунски дека комуналната хигиена е последна во неговите приоритети.
„Прашањето ни е дали Тимчо планира со задолжената зелена обрзница од 5.4 милиони евра да ги снабди граѓаните со соодветни канти за отпадоци, кои понатака ке бидат одржувани и заменувани со нови, или само ќе се фали по фејсбук страницата како бил во Словенија да го научат како да го селектира отпадот.
Сепак ние како жители на општината едно од приоритетните начела ни е да имаме чиста и здрава околина, а не смрад и отпадоци растурени на сите страни“, вели Левица.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...
Голем успех и признание за Македонија - Шекеринска стана заменик генерален секретар на НАТ...