Бензинот поскапува за 3, дизелот за 4,5 денари

Возачите и домаќинствата во Македонија од ноќеска на полноќ ќе плаќаат значително поскапи горива, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пресече и донесе одлука за скок на малопродажните цени на сите нафтени деривати. Во просек, поскапувањето изнесува 4,55 проценти во споредба со ценовникот утврден минатата недела.

Новиот ценовен режим стапува на сила од 28 јули во 00:01 часот и ќе важи за сите бензински пумпи низ државата.

Најголем удар ќе претрпат возачите на дизел-возила и граѓаните кои користат екстра лесно масло за домаќинство, каде што скокот на цените е најизразен.

Во своето официјално соопштение, регулаторот ги објави новите максимални цени по литар:

„Согласно одлуката, цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 95 денари за литар, што претставува поскапување од 3 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) се зголемува за 4,5 денари и ќе изнесува 98,5 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 5 денари, на 98 денари за литар.“

Загрижувачки скок има и кај индустрискиот енергенс, каде што мазутот М-1 НС добива нова повисока цена за 2,726 денари по килограм и ќе се продава за 48,099 денари/кг.

Advertisements

Од РКЕ ги образложија причините кои доведоа до ова силно ценовно коригирање на домашниот пазар:

„Од РКЕ информираат дека зголемувањето на цените е резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде што бензините поскапеле за 6,229 проценти, дизелот за 7,442 проценти, екстра лесното масло за 8,051 процент, а мазутот за 8,159 проценти.“

Од комисијата на крајот потсетуваат на законската можност што ја имаат сите трговци со нафтени деривати во земјава.