Русија подготвува нова офанзива од големи размери која би можела да започне на 24 февруари, на првата годишнина од почетокот на војната, изјави украинскиот министер за одбрана, Алексеј Резников. Според него, Русија мобилизирала до 500.000 резервисти.
Со нападот руските сили би можеле да го одбележат и Денот на татковината, кој во Русија се слави на 23 февруари.
„Официјално, тие собраа 300.000 луѓе со делумна мобилизација во септември, но кога ќе го видиме бројот на луѓе на границите, бројките се многу поголеми“, рече тој во интервју за француското радио БФМ.
Тој додаде дека украинските команданти работат на „стабилизирање на ситуацијата на бојното поле“ додека се подготвуваат за контраофанзива.
„Верувам дека можеме да постигнеме воена победа во 2023 година“, вели Резинков.