Македонија секогаш била добра во соработката помеѓу криминалците и политичарите затоа што беше на т.н „ружа на ветрови“, вели Кристијан Голубовиќ, припадник на српско подземје во деведесеттите години години на минатиот век, во интервју за порталот Република.
„Низ Македонија од сите страни поминуваат големи банди-албански, бугарски, грчки, српски, црногорски,турски… Вие сте во епицентарот на случувањата, мала сте земја од која лесно се излегува и влегува, транзитна и кај вас овие луѓе не се задржуваат и сте отскочна даска. Имате развиено услуга за криминалците“, вели Голубовиќ.
Кристијан го открива и „ценовникот“ колку чини македонски пасош за криминалци.
„Ако зборуваме за оригинали цената е од 5 до 10 илјади евра, а достигнуваат и до 25.000 евре“, вели Голубовиќ за Република.