Биопсијата на американскиот претседател Џо Бајден во февруари потврди дека тој има карцином на базалните клетки, а целото канцерогено ткиво е успешно отстрането, објави денеска лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор, пренесе Ројтерс.
Бајден ќе продолжи со дерматолошкиот мониторинг како дел од тековната здравствена заштита, но местото на биопсија е заздравено и не е потребен дополнителен третман, додаде О’Конор.
На 80-годишна возраст, Бајден е најстариот претседател кој некогаш бил во Овалната соба, а неговото здравје внимателно го следат медиумите, сојузниците и противниците.
Тој сè уште не ја потврдил кандидатурата за реизбор во 2024 година, иако многумина – вклучително и првата дама Џил Бајден – очекуваат тој да го стори тоа.