Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, соопшти дека е усвоен десеттиот пакет санкции на ЕУ против Русија.
Како што наведе во објава на Твитер, новиот пакет санкции опфаќа 121 физичко и правно лице, воведени се нови ограничувања за увоз и извоз, како и забрана, како што вели Борел, на руските пропагандни медиуми.
„Остануваме обединети во нашата намера да ја запреме руската воена машина“, се вели во објавата.
Борел додаде дека последниот пакет санкции се насочени кон одговорните за депортацијата и присилното посвојување на најмалку 6.000 украински деца.
„Ова е јасно кршење на меѓународното право, вклучително и Женевската конвенција, која ја нагласив на седницата на Советот за безбедност на ОН“, заклучи тој.
The 10th sanctions package is adopted:
121 individuals and entities listed, significant new import/export restrictions, banning Russian propaganda outlets.We remain united in our determination to dent Russia’s war machine.
1/2
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) February 25, 2023