(ФОТО) Николета ми беше пријателка, остави сопруг и прекрасен син – премиерката Џорџа Мелони за масакрот во Рим

Николета, една од трите жени, кои беа смртно застрелани денеска во Рим, откако 57 годишен маж кој е уапсен пукал со пиштол на состанок на жителите на една станбена зграда, била пријателка на италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Мажот влезе во собата, ја затвори вратата и извика „сите ќе ве убијам“, а потоа почна да пука, сведочат очевидци на масакрот за италијанските медиуми.

„Николета беше мајка, искрена и пријателка, силна и кревка жена во исто време. Но, таа беше пред се професионалец со необично чувство за должност. Тоа чувство на должност ја донесе таму, во неделата наутро, каде што беше убиена заедно со уште две жени. Николета ми беше пријателка. Зад себе го остави сопругот Џовани и прекрасниот десетгодишен син Лоренцо“, објави премиерката Мелони на Инстаграм и фотографија заедно со Николета Голисано, една од жртвите.

Advertisements

Мелони пишува дека „правдата ќе си го земе својот тек што е можно поскоро. Сепак, зборот „правда“ не може да се поврзе со оваа приказна. Затоа што не е во ред да се умре вака“.

Во масакрот во Рим се повредени четворица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Giorgia Meloni (@giorgiameloni)