Вучиќ: Вооружени луѓе „до заби“ нема што да бараат на северот на Косово

Србија бара ослободување на сите уапсени Срби од северот на Косово, а во исто време бара начини за намалување на тензиите во таа област, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за Ројтерс.

Тој истакнува дека „косовската полиција нема што да прави на север, особено „вооружените луѓе до заби“. Тој додаде дека тоа создава непријатност и страв кај српското население.

Advertisements

По состанокот на Советот за национална безбедност, Вучиќ рече дека косовските Срби не смеат да учествуваат во насилство против војниците на НАТО и членовите на мисијата на ЕУ на Косово.

„Никој, под никакви околности, не треба да биде вклучен во напади врз ЕУЛЕКС и КФОР“, изјави Вучиќ за Ројтерс, пренесува Н1.

Тој одби да ги разјасни чекорите договорени на состанокот на Советот за национална безбедност.

На прашањето дали Белград ќе се обиде да ја деескалира ситуацијата на северот на Косово, тој одговори: „Апсолутно“.