Американскиот магазин „Тајм“ го прогласи украинскиот претседател Володимир Зеленски за личност на 2022 година.
Оваа титула престижниот „Тајм“ ја доделува од далечната 1927 година кога му била доделена на американскиот пилот Чарлс Линдберг, кој го направи првиот самостоен лет преку Атлантикот.
Минатата година личност на годината беше милијардерот Илон Маск.
Повеќе од 70 пати титулата личност на годината биле политички и јавни личности, меѓу кои Махатма Ганди (1930), Винстон Черчил (1940, 1949), Елизабета Втора (1952), Шарл де Гол (1958), Мартин Лутер Кинг (1963), Хенри Кисинџер (1972), Денг Ксијаопинг (1978, 1985), Ајатолахот Хомеини (1979), Лех Валенса (1981), папа Јован Павле Втори (1994), папа Франциск (2013) и Ангела Меркел (2015).
Титулата ја добија сите претседатели на САД, почнувајќи од Френклин Рузвелт, освен Џералд Форд. Рузвелт е единствениот кој ја добил оваа титула три пати: во 1932, 1934 и 1941 година.
Меѓу носителите на титулата беа и пет лидери на СССР и Русија: Јосиф Сталин (1939, 1942), Никита Хрушчов (1957), Јуриј Андропов (1983, заедно со американскиот претседател Роналд Реган), Михаил Горбачов (1987, 1989) и Владимир Путин (2007).