ФОТО: Контраверзен потег на Илон Маск, го претвора Твитер во „хотел“!?

„Би-Би-Си“ објави фотографии од канцелариски простор на „Твитер“ кој е претворен во спални соби, што властите во Сан Франциско го истражуваат како можно прекршување на градежните прописи.

На една фотографија е може да се виде соба со брачен кревет, вклучувајќи гардероба и влечки.

Advertisements

Според извори од поранешни вработени во компанијата, новиот шеф на „Твитер“, Илон Маск, престојува во седиштето на компанијата откако ја купил. Минатиот месец тој испрати и мејл до вработените во „Твитер“ во кој изјави дека секој што сака да остане во компанијата ќе мора да кликне на опцијата „Јас сум хардкор“.

Властите во Сан Франциско потврдуваат дека ги истражуваат потенцијалните прекршувања.

Во твит кој по некое време беше избришан, Маск најави дека ќе работи и ќе спие во канцеларија „додека не се среди работната организација“.

На „Твитер“ може да се пронајдат и фотографии од софи кои се користат како кревети во седиштето на компанијата во Сан Франциско.

„Изгледа како хотелска соба“, коментира еден поранешен вработен.

Минатиот месец, Маск – кој го заврши преземањето на Твитер во октомври – испрати е-пошта до својот персонал во компанијата во која вели дека ќе мора да работат „долги часови со висок интензитет“.

Сенаторот на државата Калифорнија, Скот Винер, изјави за Би-Би-Си во средата: „Тој сега ги заспива на Твитер“.

„Јасно е дека тој навистина не се грижи за луѓето. Не се грижи за луѓето кои работат за него“.

„Блумберг“ објави дека во „спалните соби“ на „Твитер“ се сместени и вработени од Тесла и други компании во сопственост на Маск.