Турските медиуми деновиве ја раскажаа и една од најтажните стории од разорената земја, а се однесува на познат инфлуенсер од градот Хатај.
Станува збор за момчето Таха Дујмаз кој потекнувал од многу сиромашно семејство, а се занимавал со готвење и токму со својата вештина успеал да заработи и да го издржува своето семејство.
Тој загина во земјотресот и ја остави Турција во солзи. Телотоа на Таха е пронајдено во урнатините на зградата на неговата тетка во Кахраманмараш.
Многумина се потестија дека момчето додека грчевито се борело за својата егзистенција постојано било мета на вербално насилство на социјалните мрежи, откако станал славен кога во скромната кујна почнал да споделува со семејството рецепти од јадењата што ги правел.
Некои го исмејувале дека е сиромашен, па откако почнал да заработува, му се смееле дека има неубав нос и уши. Момчето, под влијание на овие критики на интернет отишол и на операција за да го корегира својот изглед. Ќе можат ли да си простат некогаш сите интернет насилници што го навредуваа ова сиромашно, но вредно момче кое успеа да заработи и да го издржува своето семејство.
View this post on Instagram