Фејсбук и Инстаграм воведуваат претплата – еве колку ќе чини

Марк Цукерберг, сопственикот на Мета, во чија сопственост се социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм, објави дека воведува Meta Verified,  односно претплата од 11,99 долари месечно за проверка на профилите на социјалните платформи, бидејќи големата социјална мрежа поминува низ финансиска криза.

Meta Verified, кој за прв пат ќе биде достапен во Австралија и Нов Зеланд оваа недела, сличен е на системот што го воведе Илон Маск на Твитер, со услуги за верификација на идентитетот и придобивки како што се „директен пристап до услуги на клиентите“.

„Идејата беше да ја подобриме доверливоста и безбедноста на нашите услуги“, вели Цукерберг во пораката која ја објави на Инстаграм и Фејсбук.

Advertisements

„Претплатниците ќе добијат значка на Фејсбук и Инстаграм што покажува дека нивниот идентитет е потврден, заштита на нивниот профил (против кражба на идентитет), пристап до услуги на клиентите и поголема видливост“, појасни портпаролот на Мета..

Од компанијата посочуваат дека претплатата е наменета за поединци постари од 18 години, но не и за профили на компании. Корисниците ќе плаќаат 11,99 долари месечно за Meta Verified на интернет и 14,99 долари месечно на iOS и Android.