ФОТОГРАФИЈА што ќе ви го стопли срцето Аја е посвоена, бебето се роди по земјотресот во Сирија

Бебето Аја стана едно од најпрепознатливите лица на трагедијата во Турција и Сирија. Недолго по земјотресот, таа е родена меѓу урнатините на зградата во Сирија која и го одзеде животот на нејзината мајка.

Откако нејзината приказна излезе во јавноста, илјадници луѓе се јавија да ја посвојат Аја, но властите открија дека бебето сè уште има живи роднини во Сирија.

Аја била пуштена од болница откако ДНК тестот ја потврдил нејзината крвна врска со нејзината тетка, пренесува Дневник.хр.

Advertisements

Кога ја извлекле од под урнатините, прекриена со прашина, малата Аја сè уште била поврзана со нејзината мајка со папочната врвца. Во болницата пристигнала со исеченици и модринки, била хипотермична и едвај дишела. Но, веќе еден ден по почетокот на лекувањето, нејзината здравствена состојба се подобри. Според лекарот, таа сега ја напуштила болницата здрава, во прегратките на нејзините роднини.

Недолго откако спасувачите го извлекле бебето од под урнатата зграда, и го нарекле Аја, што на арапски значи чудо.

Сепак, нејзината тетка и вујко решиле да и дадат име по нејзината покојна мајка Афра.

„Афраа стана едно од моите деца. Нема да правам разлика меѓу нив“, изјави нејзиниот вујко Калил ал Савади за AP News.