Германија е во шок откако две девојчиња до смрт избодеа нивна другарка на 12 години

Германија е шокирана, откако две девојчиња на возраст од 12 и 13 години се осомничени за убиство на девојчето Луиза (12).

Луиз Ф. од Фројденберг ја поминала саботата со својата најдобра пријателка. После тоа, полицијата го пронашла девојчето избодено во шумата, а набргу за нејзиното убиство биле осомничени две девојки.

Инспекторите не сакаат да одговорат на прашањето зошто е убиена Луиза. Наводните сторители мора да бидат заштитени, пишуваат тамошните медиуми.

Advertisements

„Токму затоа што се уште се деца. Мотивот на детето за ваков чин можеби не е очигледен за возрасен. Со оглед на бројните убодни рани на жртвата, веројатно е дека некои емоции имале улога“, нагласи високиот јавен обвинител, пренесува Bild.

Според вишиот јавен обвинител, тие сега се во „заштитено подрачје“, поради возраста се под кривична одговорност од судска гледна точка.

Многу ретко се случува деца под 14-годишна возраст да извршат сериозни акти на насилство.

Во Германија, бројот на насилни злосторства (телесни повреди, сексуална злоупотреба, убиство од небрежност и убиства) се зголеми на 7.477 во 2021 година (претходна година: 7103). Но, во споредба со 2019 година, има пад од околу десет проценти во 2021 година.

Во случајот на злосторствата против животот, апсолутните бројки се уште помали: во 2021 година, во оваа област имало 19 осомничени деца, меѓу кои и четири девојчиња.

Бројките варираат многу од година во година, во последните 20 години има меѓу четири и 21 осомничен годишно. Според Сојузниот завод за статистика, оваа година во Германија живеат околу 8,5 милиони деца помлади од 14 години.