НАТО преместува АВАКСИ поблиску до границите на Украина, ќе се следат руските борбени активности

Во вторник, на 17 јануари, во Букурешт треба да пристигнат воздушните надзорни системите за предупредување и контрола(АВАКС), „за да го поддржат зголеменото присуство на алијансата во регионот и да ја следат руската воена активност“, соопшти денеска НАТО.

Авионите АВАКС, кои вообичаено се сместени во базата на НАТО во Гејленкирхен кај Ахен, ќе бидат стационирани во базата на романските воздухопловни сили во Отопени, во близина на Букурешт, на околу 200 километри од источната граница на земјата со Украина и таму ќе останат неколку недели.

„Додека илегалната војна на Русија во Украина продолжува да ги загрозува мирот и безбедноста во Европа, не смее да има сомнеж решеноста на НАТО да ја заштити и брани секоја педа од сојузничката територија“, рече Оана Лунгеску, портпаролка на НАТО.

Advertisements

Како одговор на руската војна во Украина, НАТО го зголеми своето воздушно присуство во Источна Европа со дополнителни ловци, авиони за набљудување и танкери.

„Од февруари 2022 година, НАТО АВАКС ќе спроведува редовни патроли над Источна Европа и регионот на Балтичкото Море за да ги следи руските воени авиони во близина на границите на НАТО“, се вели во соопштението.

НАТО АВАКС ќе започне со извидувачки летови, исклучиво над територијата на Алијансата, во наредните денови, а планирано е мисијата да трае неколку недели.

Авионите припаѓаат на флота од 14 авиони за набљудување на НАТО, а околу 180 воен персонал ќе бидат распоредени во базата на романските воздухопловни сили во Отопени во близина на Букурешт за поддршка на авионите, објави НАТО.