Пред два дена налетав на лекарот кој во 2017 година ми рече дека е добро што може да ми го реши проблемот со колкот, но дека повеќе нема да можам да се занимавам со професионален спорт. Мислам дека го разоткривме тој мит во последните пет дена, напиша кратко познатиот британски тенисер Ендрју Барон Мареј на социјалните мрежи.
На Отвореното првенство на Австралија Енди Мареј, успеа да одигра дури 13 часа тенис во само еден меч со вештачки колк кој му беше вграден пред неколку години.
Енди Мари најпрвин го елиминира Матео Беретини по пет сета, а потоа исто така по пет сета и голем пресврт го победи локалниот Танасис Кокинакис, за да биде елиминиран од Роберто Баутиста Агут по четири сета, каде исто така мина повеќе од три часа на теренот.
Енди Мареј има 35 години. Тој на Твитер ја сподели својата приказна веднаш по мечот со Танаси Кокинакис.
2 days ago I randomly bumped into the doctor who in 2017 told me “the good news is the problem you have in your hip can be fixed but you won’t be able to play professional sport again.” I think we dispelled that myth the last 5 days.?Goodnight ❤️
— Andy Murray (@andy_murray) January 21, 2023