Најубавата жена на Велс доживеа страшна несреќа – само четири месеци пред натпреварот и се случи ужас

Дарси Корија, избрана за Мис на Велс итно е пренесена во болница откако се здоби со сериозни повреди во страшната сообраќајна несреќа денес, пренесува DailyMail.

Корија беше крунисана за Мис Велс 2022 година во мај минатата година и требаше да го претставува Велс на годинешниот Мис на светот, кој ќе се одржи за четири месеци.

Advertisements

Дарси (21), како што е нејзиното вистинско име, доживеала сообраќајна несреќа кај Бриџенд, во Јужен Велс.

Ѕвездата на популарното натпреварување има скршеници на вратот и карлицата.

Организаторите на Мис Велс нагласија дека нејзиното семејство е постојано со неа и дека најверојатно таа целосно ќе закрепне.

Таа стана првата Афроамериканка која победила на натпреварот од 1997 година и е активистка за афро-американските права.