Нов силен земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска по втор пат ја погоди Турција, во близина на Малатија, јавуваат турските медиуми.
Засега нема информации дали има нови штети или на која длабочина се случил земјотресот.
Малатија е еден од градовите погодени од разорниот земјотрес од минатиот понеделник.
Турција претходно денеска беше погодена од нов земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од два километри, североисточно од градот Челихан, во провинцијата Адијаман.
Земјотресот се случил на длабочина од пет километри.
Од разорниот земјотрес во понеделникот, потврдени се 33.179 мртви во Турција и Сирија.

